За нас


Е-МА СТИЛ ДООЕЛ е компанија која е присутна на македонскиот и интернационалниот пазар веќе 15 години. Главна дејност е преработка, големопродажба и малопродажба на зрнести производи ориз, грав и леќа, кои спаѓаат во групата на здрава храна според истражувањата и согледувањата на експертите и нутриционистите за исхрана.

Капацитет

Располагаме со канцеларија, магацински простории и нова модерна фабрика за преработка на ориз со капацитет од 50 т/24 часа. При изградба на истата запазени се сите стандарди кои се пропишуваат со цел производство на здрава и безбедна храна на нашите потрошувачи.

Главна цел

Нашата главна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со најквалитетни, здрави и природни зрнести производи. Повеќе од 15 години на нашите потрошувачи им го пласираме најквалитетниот ориз, директрно преработен од плодните полиња на кочанското поднебје.

Покрај квалитетниот Кочански бел ориз, нашиот асортиман е збогатен и со други зрнести производи како што се гравот и леќата кои според истражувањата заедно со оризот се едни од најздравите производи богати со минерали, протеини и белковини.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Нашата мисија и визија е да произведеме и овозможиме производи со висок квалитет, исклучителни нутриционистички својства и производи во служба на здравјето на нашите потрошувачи.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Е-МА СТИЛ ДООЕЛ се грижи за својата животна средина, така што нашата фабрика е првата најмодерна фабрика во регионов која е проектирана и изградена на начин кој обезбедува заштита на околината при што располага со букнер за складирање на оризова лушпа. Оризовата лушпа е со висока енергетска вредност така што наоѓа примена во многу индустриски гранки.

Особено внимание се посветува и на мерките за заштита при работа кои се почитуваат во рамките на целата компанија.

Производите кои ги преработуваме и продаваме се со висок и постојан квалитет, а севкупното наше работење е насочено кон исполнување на барањата на нашите вработени, клиенти и потрошувачи.