Производство


Во текот на 2014 и 2015 година изградивме современа фабрика и инсталиравме цела линија на машини за преработка на оризова арпа во бел ориз. Процесот започнува со сушара за сушење на влажен производ, преку низа други машини како што се машини за лупење на оризот, полирање на оризот, машини за белење, колор сортер кои ги отстрануваат сите непожелни примеси, честички и прашина во белиот ориз се до машина на пакување на белиот ориз како финален производ во вреќи од 5 кг, 10 кг и 25 кг. Со последната фаза пакување на оризот се завршува целиот процес на преработка и пакување на белиот ориз автоматизирано со највисок степен на чистота. Со инсталирање на оваа современа линија на машини за преработка на оризова арпа во бел ориз се постигнува совршен квалитет на производот овозможувајќи ЗАДОВОЛСТВО НА СИТЕ НАШИ ПОТРОШУВАЧИ.