Во човековата исхрана оризот има големо значење, бидејќи учествува со околу 1/3 во целокупната негова исхрана. Повеќе од 50 % од светската популација го употребува како главна храна, поради тоа што е лесно сварлив, богат со најпотребните состојки кои на еден организам му се потребни, па дури и во најраното детство го заслужува почесното место во многу кујни.
Оризот е извонредно хранлив, со голема енергетска вредност, сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив. Тој е богат со минерали и витамини па поради својот биолошки состав, оризот не е само храна туку и лек.
Ние на нашите потрошувачи им нудиме првокласен бел ориз, преработен директно од чистото Кочанско поднебје. Тој на пазарот е застапен во следниве пакувања и тоа:
Леќата има голема улога како важен извор на белковини, меѓутоа леќата е богата и со витамини и минерали. Од витамините леќата е богата со витамин Б1 и Б9, а од минералите содржи големо количество на железо, магнезиум, фосфор, манган, цинк и калиум. Таа претставува мало и солно средство за намалување на нивото на холестерол во крвта, благодарание на големото количество на диеталните влакна кои ги содржи, а исто така одлично го регулира шеќерот во крвта.
Леќата најдобро е да се комбинира со оризот. Во салатата леќата добро оди со сечкана свежа црвена пиперка и свежо зачински билки.
Леќата исто така во нашиот асортиман е застапена во следниве пакувања:
Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи и скоро сите есенцијални аминокиселини. Содржи лецитин, но и минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натирум. Претставува одличен извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, гравот има многу малку масти.
Гравот во нашиот продажен асортиман застапен е во следниве големини и пакувања и тоа: